6. ‘Еве доаѓаат денови кога сè што е во твојот дворец сè што твоите татковци насобраа до денес, ќе биде однесено во Вавилон. Ништо не ќе остане’, вели Господ.
7. ‘А од синовите што ќе произлезат од тебе, кои ќе ти се родат, некои ќе земат за да му бидат скопени дворјани на вавилонскиот цар.’”
8. Езекија му одговори на Исаија: „Добро е словото што Господ ти го објави.” А мислеше: „Барем ќе биде мир и безбедност за време на мојот живот.”