Исаија 39:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Валадан, синот Валаданов, му испрати на Езекија писмо со подарок, зашто беше чул дека бил разболен и дека оздравел.

2. Езекија се израдува на тоа и им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла - својата оружница и сè што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа.

3. Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: „Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? „Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон.”

4. Исаија праша понатаму: „Што видоа во твојот дворец?” Езекија одговори: „Видоа сè што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.

5. Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото на Господа над Воинствата:

Исаија 39