Исаија 38:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Езекија се сврте кон ѕидот и вака Му се помоли на Господа:

3. „Ах Господи, спомни си дека пред Тебе одев верно и со чесно срце, и дека го направив тоа што е добро во Твоите очи.” И Езекија почна да плаче горко.

4. Тогаш Му дојде Господовото слово на Исаија:

5. „Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години.

Исаија 38