Исаија 38:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Како ластовичка јас цивкам, барам помош како гулабица, моите очи гледаа кон небото, Господи, во неволја сум, спаси ме.

15. Како ќе Му зборувам и што ќе Му речам? Па Тој е кој дејствува. Ќе одам смирено во текот на сите мои години, иако со горчина во душата.

16. Господи, моето срце ќе живее за Тебе и ќе живее мојот дух. Ти ќе ме излечиш и ќе ми го вратиш животот,

17. болеста ќе ми се претвори во здравје. Ти ја спаси мојата душа од јамата на уништувањето, сите мои гревови ги фрли зад плеќи.

Исаија 38