Исаија 33:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Народите избегаа од силниот татнеж, Ти се дигна, племињата се распрснаа,

4. и се собира плен како што се собираат гасениците, ќе се нафрлат врз него како јато скакулци.

5. Господ е возвишен зашто престолува во висината, Тој го исполнува Сион со правосудство и со правда.

6. Надежен е твојот век: Мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.

7. Ете, жителите на Ариел, викаат по улиците, гласници мироносци плачат горчливо.

Исаија 33