Исаија 32:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. срцето на неразумните ќе ја сфаќа мудроста, тепкавите ќе зборуваат брзо и јасно;

5. расипаните веќе не ќе ги викаат благородни;

6. зашто, расипаникот зборува лудости, и неговото срце смислува беззаконие за да направи злодела, за да зборува горделиво за Господа, за да му го остави празен желудникот на гладниот, за да му го скрати пиењето на жедниот.

7. Кај измамникот оружјето е пакосно, тој смислува само сплетки, за да го упропасти бедниот со лаги, па и кога сиромавиот докажува право.

Исаија 32