Исаија 31:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Вратете се при Оној од Кого отпаднавте толку длабоко, синови Израелеви.

7. Да, во оној ден, секој ќе ги презре своите сребрени и златни ликови што со своите раце ги направија за свој грев.

8. „Асирецот не ќе падне од човечки меч; меч ќе го проголта, но не човечки. Ќе бега од меч, и неговите момчиња ќе плаќаат данок.

9. Исплашен, ќе го остави својот рид, заплашени, кнезовите ќе бегаат од своето знаме” - слово е на Господа, чиј оган е на Сион и чија печка е во Ерусалим.

Исаија 31