Исаија 31:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Да, вака ми рече Господ: „Како што лавот или лавчето ‘ржи и чкрта со забите над пленот, па и кога ќе стрчаат кон него мноштво пастири, тој не се исплашува од нивната викотница, ниту се грижи за нивната врева - така Господ над Воинствата ќе слезе да војува за гората Сион, за нејзината височина.

5. Како птиците што мавтаат со крилјата, Господ над Воинствата ќе го закрилува Ерусалим, ќе го засолнува, ќе го избави, ќе го поштеди и ќе го спаси.

6. Вратете се при Оној од Кого отпаднавте толку длабоко, синови Израелеви.

7. Да, во оној ден, секој ќе ги презре своите сребрени и златни ликови што со своите раце ги направија за свој грев.

8. „Асирецот не ќе падне од човечки меч; меч ќе го проголта, но не човечки. Ќе бега од меч, и неговите момчиња ќе плаќаат данок.

9. Исплашен, ќе го остави својот рид, заплашени, кнезовите ќе бегаат од своето знаме” - слово е на Господа, чиј оган е на Сион и чија печка е во Ерусалим.

Исаија 31