Исаија 30:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. На гледачите тие им велат: „Откажете се од гледањето!” а на пророците: „Не пророкувајте ја вистината! Претскажувајте што ни е пријатно, пророкувајте ни предвидувања!

11. Свртите од патот, отклонете се од патеката, отстранете ни го од пред очи Израелевиот Светец!”

12. Затоа вака вели Израелевиот Светец: „Зашто го отфрлате ова слово, а се надевате на нечесност и измама, и се потпирате врз нив,

13. тој грев ќе ви биде како распуканица, надуена високо на ѕидот, што се заканува со паѓање:

Исаија 30