Исаија 3:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Со кое право го угнетувате Мојот народ и го газите лицето на бедниот?” - Зборува Господ, Господ над Војските.

16. И Господ рече: „Зошто се гордеат сионските ќерки па одат со испружени вратови, намигнуваат наоколу со окото, чекорат со ситни чекори, ѕвецкаат со гривните на нозете?

17. Ќе го оќелави Господ темето на сионските ќерки, ќе ја открие Господ нивната голота.”

Исаија 3