Исаија 27:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.

7. Дали го удри како што ги удри оние кои го удираат него? Дали го уби како што ги уби оние кои го убија него?

8. Го протера за казна, го зароби, го однесе со Својот силен здив во денот на источниот ветер.

9. Така ќе биде очистено Јакововото беззаконие; а ова е сè плод за проштавање на неговиот грев. Нека бидат здробени сите камени жртвеници како што се дробат во прав камењата од вар. Нека не се издигаат веќе ашерите и сончевите столбови!

10. Зашто запусте утврдениот град, населбата е ограбена, напуштена е како пустина. Телињата пасат таму - лежат таму, ги брстат грмушките.

11. Кога ќе му се исушат гранките, ги кршат, доаѓаат жени и палат оган. Зашто тоа е народ неразумен, затоа Создавачот нема да го жали, Творецот нема да му се смилува.

12. Во тој ден, Господ ќе врши класје од Еуфрат до Египетскиот Поток, и ќе бидете собрани еден по еден, Израелеви деца.

Исаија 27