2. Во оној ден, пејте му, на винородното лозје:
3. „Јас, Господ, го чувам него, го залевам во секој миг; и за да не го оштети некој, стражам дење и ноќе.
4. Нема гнев во Мене! Само нека се појават трништата и трњето, ќе станам во бој против него, ќе го изгорам сето!
5. Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!”
6. Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.
7. Дали го удри како што ги удри оние кои го удираат него? Дали го уби како што ги уби оние кои го убија него?
8. Го протера за казна, го зароби, го однесе со Својот силен здив во денот на источниот ветер.
9. Така ќе биде очистено Јакововото беззаконие; а ова е сè плод за проштавање на неговиот грев. Нека бидат здробени сите камени жртвеници како што се дробат во прав камењата од вар. Нека не се издигаат веќе ашерите и сончевите столбови!
10. Зашто запусте утврдениот град, населбата е ограбена, напуштена е како пустина. Телињата пасат таму - лежат таму, ги брстат грмушките.