Исаија 27:11-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога ќе му се исушат гранките, ги кршат, доаѓаат жени и палат оган. Зашто тоа е народ неразумен, затоа Создавачот нема да го жали, Творецот нема да му се смилува.

12. Во тој ден, Господ ќе врши класје од Еуфрат до Египетскиот Поток, и ќе бидете собрани еден по еден, Израелеви деца.

13. Во оној ден, ќе затруби голема труба, и ќе дојдат изгубените во Асирската Земја, и кои беа заробени во Египетската Земја, и ќе Му се поклонат на Господа, на Светата Гора, во Ерусалим.

Исаија 27