Исаија 27:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден, Господ ќе го казни со лут, голем и силен меч Левијатана, итрата змија, Левијатана, извивливата змија, и ќе го убие морскиот змев.

2. Во оној ден, пејте му, на винородното лозје:

3. „Јас, Господ, го чувам него, го залевам во секој миг; и за да не го оштети некој, стражам дење и ноќе.

4. Нема гнев во Мене! Само нека се појават трништата и трњето, ќе станам во бој против него, ќе го изгорам сето!

5. Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!”

6. Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.

7. Дали го удри како што ги удри оние кои го удираат него? Дали го уби како што ги уби оние кои го убија него?

Исаија 27