Исаија 27:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден, Господ ќе го казни со лут, голем и силен меч Левијатана, итрата змија, Левијатана, извивливата змија, и ќе го убие морскиот змев.

2. Во оној ден, пејте му, на винородното лозје:

3. „Јас, Господ, го чувам него, го залевам во секој миг; и за да не го оштети некој, стражам дење и ноќе.

4. Нема гнев во Мене! Само нека се појават трништата и трњето, ќе станам во бој против него, ќе го изгорам сето!

5. Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!”

6. Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.

Исаија 27