Исаија 21:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Затоа моите бедра се полни со грчеви; ме опфаќаат болки како болките на родилката; оглувев од збунетост, ослепев од страв.

4. Срцето ми трепери, ужас ме опфати, примракот за кој копнеев стана страшилиште.

5. Поставуваат стол, распростираат столна прекривка, се јаде и пие. Станете, кнезови мачкајте ги штитовите!

6. Зашто Господ ми рече вака: „Оди, постави стражари! Нека јават, што ќе видат.

7. Ако видат коњаници, вдвоени јавачи, јавачи на осли, јавачи на камили, нека внимаваат добро, со напрегнато внимание!”

8. А стражарот извика: „Господару, постојано сум во стражарницата дење, јас престојувам на стража целата ноќ.”

9. И ете, доаѓаат коњаници, двојни јавачи. Тие ми викнаа, тие рекоа: „Падна, падна, Вавилон! Сите кипови на неговите богови се искршија на земја.”

Исаија 21