Исаија 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Приморската Пустина. Како што виорите дувајќи низ Негев доаѓаат од пустината, од стравотниот крај

2. - ми се откри во страшно видение - така ограбувачот ограбува, запустувачот запустува. „Нафрли се, Еламу, опколи, Мидејо! Ќе ги докрајчам сите пискотници.”

3. Затоа моите бедра се полни со грчеви; ме опфаќаат болки како болките на родилката; оглувев од збунетост, ослепев од страв.

4. Срцето ми трепери, ужас ме опфати, примракот за кој копнеев стана страшилиште.

Исаија 21