Исаија 2:20-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Во оној ден: човекот ќе им ги фрли на кртиците и лилјаците, своите сребрени идоли и своите златни идоли на нечистите божества што си ги направил за себеси, за да им се поклонува;

21. кога ќе избега во пештерските шупливости и во распуканиците на карпите пред Господовиот страв, пред болскотот на Неговото Величество кога ќе стане да ја растресе земјата.

22. Прекратете да се надевате на човекот чиј здив е во неговите носалки: бидејќи што значи тој?

Исаија 2