Исаија 2:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови;

15. против секоја висока тврдина, и против сите цврсти ѕидови;

16. против сите тарсиски бродови, и против сите раскошни бродови.

17. Човечката гордост ќе падне и човечката висина ќе се понижи. Господ ќе се возвиши, единствено Тој - во оној ден,

18. и идолите на нечистите божества ќе ги снема без трага.

19. Ќе влезат во дупките меѓу пештерите и во земните дупки, пред Господовиот ужас, пред сјајот на Неговото Величество, кога ќе стане да ја растресе земјата.

Исаија 2