Исаија 19:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Египет. Ете, Господ седи на брз облак, доаѓа во Египет. Египетските идоли треперат пред Него, срцето на Египетците им примрува во градите.

2. „Ќе ги подбуцнам Египетците против Египетците, и брат ќе се бори против брата си; другар против другар, град против град, и царство против царство.

3. И духот на Египет ќе изнемошти, Јас ги спречувам неговите намисли; тие бараат идоли и вражалци, повикувачите на мртви и гатачи.

4. Ги предавам Египетците во рака на жесток господар, свиреп цар ќе владее над нив” - Слово е на Господа над Воинствата.

5. Ќе ја снема водата од морето, Реката ќе секне и ќе пресуши,

6. ќе засмрдат прокопите, ќе спаднат и ќе пресушат разделниците на Египетската Река. Ќе овенат: трската и рогозот,

7. сето зеленило покрај Нил; сите посеви покрај Нил ќе се исушат, ќе пропаднат, ќе се распрснат, ќе исчезнат.

Исаија 19