4. Во оној ден ќе се смали Јакововата слава, ќе ослаби дебелината на неговото тело.
5. Ќе биде како жетвар кога го фаќа житото, а раката му го жние класјето, како кога се собираат класови во Рефаимската Долина -
6. ќе останат само побироците; или како кога се тресе маслинката: две-три маслинки сосем на врвот, четири или пет на гранките на дрвото - Слово е на Господа, на Израелевиот Бог.
7. Во оној ден човекот ќе погледне на својот Создател и ќе ги втренчи очите кон Израелевиот Светец.
8. Не ќе го гледа веќе жртвеникот, делото на своите раце, не ќе го гледа веќе оној што неговите прсти го направија: ашерите и сончевите столбови.
9. Во оној ден твоите градови ќе бидат напуштени, како што беа напуштени хивијските и аморејските, кога ги оставија пред Израелците и ќе запустат,
10. зашто го заборави Бога на своето спасение и не ја спомна Стената на својата сила. Затоа садиш пријатни билки и пресадуваш туѓински подници;
11. тие порастуваат, во денот кога ги посадуваш, а наутро расцветуваат твоите подници, но жетвата пропаѓа во ден на неволја, во ден на неизлечива тага.