Исаија 15:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Се искачуваат кон Девонскиот храм, на високи места за да плачат; за Нево и за Медев, Моав рида! Сите глави се истрижени, а сите бради избричени;

3. облекуваат вреќи на улиците, а ридаат на неговите покриви! Сите ридаат на неговите раскрсници и пролеваат солзи.

4. Лелекаат Есевон и Елеал, плачот се слуша до Јаса. Затоа им се тресат слабините на Моав, трепери неговата душа;

5. Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста.

6. Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило.

7. Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите.

Исаија 15