Исаија 14:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Ќе им го дадам во сопственост на ежевите и на мочуриштата. Ќе го изметам со гибелна метла,” говори Господ над Воинствата.

24. Господ над Воинствата се заколна: „Што намислив, ќе се збидне, што наумив, ќе се изврши!

25. Ќе ја скршам Асирија во Својата земја, ќе ја згазам на Своите гори. Неговиот јарем ќе падне од нив, неговото бреме ќе падне од нивните плеќи.

26. Таква одлука е донесена против целата земја; таква рака е испружена против сите народи!

Исаија 14