Исаија 12:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ќе речеш во оној ден: „Ќе Те славам Господи, Ти се разгневи на мене, ама Твојот гнев се одврати и Ти ме утеши.

2. Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.”

3. И со радост ќе црпите вода од изворот на спасението.

Исаија 12