Исаија 11:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господовиот страв ќе го вдахне, не ќе суди според виденото, ни ќе пресудува според чуеното,

4. туку ќе им суди по правда на бедните, и прав суд ќе им изречува на бедните на земјата. Со бичот на Своето слово ќе го шибне силникот, а со здивот од устата ќе го убие безбожникот.

5. Тој со правда ќе ги препаше бедрата, а со верност страните.

6. Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно, а мало детенце ќе ги води.

7. Кравата и мечката ќе пасат заедно, а нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како говедо.

Исаија 11