Исаија 10:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Остатокот ќе се врати, Јакововиот остаток при силниот Бог.

22. Навистина Израеле, твојот народ и да биде колку песок во морето, само неговиот Остаток ќе се врати, одредено е уништување, правдата се прелеа,

23. Господ, Господ над Воинствата, ќе ја уништи сета земја, како што ќе одреди.

24. Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет.

Исаија 10