Исаија 1:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Праведен суд ќе го откупи Сион, а правдата неговите обратеници.

28. Отпадниците и грешниците ќе се скршат заедно, а ќе загинат оние, кои Го напуштаат Господа.

29. Да, ќе се срамите заради дабовите по кои копнеете сега, и ќе црвенеете заради градините во кои сега уживате.

30. Зашто, ќе бидете како даб со исушени лисја, и како градина во која нема вода.

31. Силниот ќе биде како коноп, а искрата негово дело, заедно ќе изгорат, а никој да ги згасне.

Исаија 1