Галатите 5:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете да не се истребите еден со друг.

16. А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото,

17. зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате.

18. Но, ако Духот ве води не сте под Законот.

19. А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност,

20. идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства;

Галатите 5