Галатите 5:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зашто вие, браќа, повикани сте кон слобода; само слободата да не ви биде повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14. Зашто целиот Закон е исполнет во еден збор - во: „Љуби го својот ближен како самиот себе!”

15. Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете да не се истребите еден со друг.

16. А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото,

17. зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате.

Галатите 5