Галатите 5:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем.

2. Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи.

3. И пак му сведочам на секој човек, кој се обрезува, дека е должен да го исполни целиот Закон.

4. Се одвоивте од Христа вие, кои сакате да се оправдате преку Законот; отпаднавте од благодатта.

5. Зашто ние, преку Духот, преку верата, ја очекуваме надежта на правдата.

Галатите 5