20. Би сакал да сум сега при вас, и да го изменам својот глас, зашто сум во сомнение за вас.
21. Кажете ми, вие, кои сакате да бидете под Законот: не го слушате ли Законот?
22. Зашто е напишано дека Авраам имал два сина: едниот од робинката, а другиот од слободната.
23. Но оној, од робинката, роден е по тело, а оној од слободната преку ветувањето.
24. Ова е речено сликовито: тие жени се двата завета; едниот од гората Синај, кој раѓа за ропство; тој е Агара -
25. зашто Агара е Синајската Гора во Арабија, и му одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца.
26. Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша мајка,
27. зашто е напишано: „Весели се неплодна, која не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си имала породилни маки; зашто оставената има повеќе деца, отколку онаа, која има маж.”