Галатите 4:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.

3. Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот;

4. а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,

5. за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.

6. А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!”

Галатите 4