Галатите 4:18-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Меѓутоа, добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум јас при вас,

19. деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас.

20. Би сакал да сум сега при вас, и да го изменам својот глас, зашто сум во сомнение за вас.

21. Кажете ми, вие, кои сакате да бидете под Законот: не го слушате ли Законот?

22. Зашто е напишано дека Авраам имал два сина: едниот од робинката, а другиот од слободната.

23. Но оној, од робинката, роден е по тело, а оној од слободната преку ветувањето.

24. Ова е речено сликовито: тие жени се двата завета; едниот од гората Синај, кој раѓа за ропство; тој е Агара -

25. зашто Агара е Синајската Гора во Арабија, и му одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца.

26. Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша мајка,

27. зашто е напишано: „Весели се неплодна, која не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си имала породилни маки; зашто оставената има повеќе деца, отколку онаа, која има маж.”

28. И вие сте, браќа, деца на ветувањето како Исак.

29. И како што некогаш оној, кој се роди по тело, го гонеше оној, кој се роди по дух, така е и сега.

Галатите 4