Галатите 4:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А знаете дека за првпат во телесна слабост, ви го проповедав Евангелието;

14. и искушението, кое беше за вас, во моето тело, не го отфрливте, ниту се згнасивте од него; туку ме примивте како Божји ангел, како Христа Исуса.

15. Сега, каде е она ваше блаженство? Зашто ви сведочам, дека кога би било можно, би ги извадиле своите очи и би ми ги дале мене.

16. Дали ви станав непријател затоа, што ви ја зборувам вистината?

Галатите 4