Галатите 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ви велам пак, додека е наследникот малолетен, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сè.

2. Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.

3. Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот;

4. а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,

5. за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.

Галатите 4