Галатите 3:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам.

10. Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”

11. А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”

Галатите 3