Галатите 1:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,

12. бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа.

13. Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував.

14. и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци.

Галатите 1