Галатите 1:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото, Кој Го воскресна од мртвите -

2. и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија.

3. Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа,

4. Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко!

5. Кому е слава во сите векови. Амин!

6. Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие,

7. кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие.

Галатите 1