21. зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса.
22. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието.
23. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.
24. А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам.
25. Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој и служи на мојата потреба;
26. зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.