16. држејќи го цврсто словото на животот, за да имам со што да се фалам во Христовиот Ден, дека не трчав напразно и дека не се трудев напразно.
17. Но, ако се и излевам како налевница врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам и се радувам со сите вас.
18. А исто така радувајте се и вие и радувајте се со мене.
19. Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие.
20. Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас,
21. зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса.
22. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието.
23. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.
24. А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам.
25. Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој и служи на мојата потреба;
26. зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.