22. Ќе го одвратам од нив Моето лице: и Мојата светина нека се обесветува само нека влезат во неа провалниците и нека ја обесчестат!
23. Подготвувај вериги, зашто земјата е полна со крв и злостори што заслужуваат смрт, и градот е преполн со насилства!
24. Затоа ќе ги доведам најлошите народи, за да ги наследат нивните домови. Ќе ја скршам гордоста на насилникот, и ќе бидат обесветени нивните светилишта.
25. Ќе доаѓаат неволја по неволја, една лоша вест по друга!
26. И ќе побараат видение од пророкот: не ќе има веќе Закон во свештеникот ни совет во старешината!