Езекиел 48:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

24. Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.

25. Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26. Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.

27. Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.

28. Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.

Езекиел 48