Езекиел 46:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа.

6. Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток.

7. А за лебниот принос нека се принесе по ефа на јунецот, по ефа на овен, и по ин масло на ефа.

8. Кога кнезот ќе влегува, нека влегува низ тремот на вратата и нека излегува по истиот пат.

Езекиел 46