Езекиел 45:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. За сопственост на градот доделете пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, наспоредно со светото подрачје, тоа ќе му припаѓа на сиот Израелев дом.

7. На кнезот му припаѓа делот од двете страни на светото подрачје и на градскиот недвижен имот - вдолж на светото подрачје и долж на градската сопственост - од западната страна кон запад и од источната страна кон исток, а должината нека му биде еднаква на секој тој дел, од западната до источната граница.

8. Тоа нека биде негова земја, имот во Израел, за да не го угнетуваат веќе кнезовите Мојот народ и за да му ја дадат земјата на Израелевиот дом по племиња.”

9. Господ Бог зборува вака: „Доста е, Израелеви кнезови! Откажете се од насилството и од грабежот и вршете ги законот и правдата; избавете го Мојот народ од своите побарувачки - говори Господ Бог.

10. Мерете со права мерка: со права ефа и со ват.

11. Ефата и ватот нека опфаќаат еднаков обем; ватот нека изнесува десет хомери и ефата десет хомери - мерата нека им биде според хомерот.

12. Шекелот нека биде дваесет гера; мината нека ви биде: дваесет шекели, дваесет и пет шекели, и петнаесет шекели.

Езекиел 45