2. Од тоа за Светилиштето нека биде четвртесто од пет стотини лакти и чистинка од педесет лакти наоколу.
3. Од тоа подрачје измери во должина дваесет и пет илјади лакти, а во ширина десет илјади: тука нека биде Светилиште - Светина над Светините.
4. Тој свет дел од земјата им припаѓа на свештениците, кои служат во Светилиштето и кои пристапуваат кон Господа за да му служат: таму нека им биде местото за куќи; и тоа нека е свето место што му припаѓа на Светилиштето.
5. Дваесет и пет илјади во должина и десет илјади во широчина нека им бидат на левитите, кои му служат на Домот таму нека изградат градови во кои ќе живеат.
6. За сопственост на градот доделете пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, наспоредно со светото подрачје, тоа ќе му припаѓа на сиот Израелев дом.