Езекиел 43:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И чув глас што ми зборуваше од Домот, а некој стоеше покрај мене.

7. И ми рече: „Човечки сине, ова е местото на Мојот Престол ова е место на стапалките на Моите нозе: тука, сред Израелевите синови, ќе престојувам засекогаш. Израелевиот дом нема да го обесветува веќе Моето свето име - ни тие ни нивните цареви - со своето блудствување и со труповите на своите цареви, по нивните високи места.

8. Го ставија својот праг до Мојот, своите довратници до Моите, така што беше само ѕид меѓу Мене и нив, и го обесветуваа Моето свето име со гнасотиите што ги направија. И затоа ги сотрев во Својот гнев.

9. Сега тие ќе ги отстранат далеку од Мене своето блудствување и труповите на своите цареви, а Јас ќе престојувам засекогаш сред нив.

Езекиел 43