12. А ова е закон за Домот: горе на врвот, сиот простор наоколу, ќе биде најсвета светина.
13. Ова се мерките на жртвеникот, со лакти - а лакотот тука, е лакот и една педа: подножјето на жртвеникот лакот долго, лакот широко; работ со кој е обрабен наоколу - една педа. Височината на жртвеникот:
14. од подножјето на земјата до долниот појас на жртвеникот - два лакта, а во широчина еден лакот; од помалиот појас до поголемиот четири лакти, а во широчина еден лакот.
15. А самиот жртвеник висок четири лакти. А од жртвеникот се дигаат нагоре четири рогови.
16. Жртвеникот: долг дванаесет лакти, широк дванаесет лакти, четириаголен, на сите четири страни.
17. А појасот: четиринаесет лакти долг и четиринаесет лакти широк, на четири страни; неговиот раб наоколу половина лакот, а подножјето околу него наоколу еден лакот; басамаците му гледаат кон исток.”
18. И ми рече: „Човечки сине, Господ Бог зборува вака: ‘Ова се жртвените прописи по кои, во свое време, треба да се подигне жртвеникот, за да се принесуваат на него паленици и за да се прска крв по него.
19. На свештениците левити, на Садоковите потомци, кои што пристапуваат кон Мене за да Ми служат - говори Господ Бог - ќе им дадеш јунче за жртва за грев.
20. Ќе ја земеш неговата крв и со неа ќе ги намачкаш четирите рогови на жртвеникот и четирите агли за да го очистиш и за да го осветиш.