5. Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.
6. Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.
7. Надворешниот ѕид, вдолж на собите кон надворешниот двор, пред собите, беше долг педесет лакти.
8. Зашто должината на собите на надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред Храмот сто лакти.
9. Во тие простории влезот им беше од исток на оној кој им приоѓаше од надворешниот двор.