Езекиел 42:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. а потоа се сврти и ја измери северната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски.

18. Тогаш се сврти кон јужната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.

19. Потоа се сврти кон западната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.

20. Тој го измери ѕидот на сите четири страни наоколу: беше долг пет стотини трски и широк пет стотини. Го одвојуваше светото место од несветото.

Езекиел 42