Езекиел 41:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот

10. и собите беше сè наоколу Храмот, дваесет лакти широк.

11. Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.

Езекиел 41